Naslov (srp)

ТЕМНОТО ПЕЕЊЕ И ВРАЖАЛСКАТА СИМБОЛИКА НА АЦО ШОПОВ ВО ЗБИРКАТА НЕБИДНИНА

Autor

Бечејски, Мирјана М.

Opis (mkd)

Поаѓајќи од древното сфаќање дека потеклото на поетското вдахновение треба да се бара во црните длабини на оностраното – кои, интересно, го прифаќале токму оние модер- ни поети на (нео)симболистичкиот тек, поети филозофи кои нај- многу го промислувале создавањето, а за својата симболика и мелодија нурнувале во митот и народната традиција – во истра- жувачкиот фокус на овој труд, замислен како дел од пообемна студија за вражбата/бајачката и глобалните симболи во поезија- та на Ацо Шопов, се наоѓа вражалската/бајачката симболика во збирката Небиднина. Во обемната критика посветена на делото на Шопов, оваа важна тема се спомнува само попатно, иако неј- зиното значење за осветлување на поетиката на овој голем поет е, очигледно, веќе во прилог на фактот дека некои од неговите врвни поетски остварувања (какви што се „Раѓање на зборот“, „Лузна“, делови од поемата „Небиднина“ и „Долго доаѓање на огнот“) имаат вражалска/бајачка структура, односно дека вра- жалските/бајачките стихови и симболика се расеани, особено во неговите неосимболистички збирки Небиднина (1963) и Гледач во пепелта (1970). Вражалската/бајачката форма во поезијата на Шопов има двојно потекло: 1) во симболистичката традиција на светската поезија и 2) во архаичниот симболички систем на народната традиција на Јужните Словени, од каде што се раѓа и „повикот“ на мајчината мелодија.

Jezik

srpski

Datum

2025

Licenca

© All rights reserved

Predmet

Шопов, (нео)симболизам, вражба/бајачка, поет бајач/поетски субјект, Збор, Небиднина, оган, камен, црна крв, тело

Deo kolekcije (1)

o:1311 Радови наставника и сарадника Института за срп...